Оваа есен, ве каниме на дводневна обука посветена на основите на пермакултурата - научете нешто повеќе за можностите за одгледување храна, користење на природните ресурси и креативни решенија за урбано градинарство.
Пермакултурата е метод на дизајнирање на одржливи човекови заедници користејќи ја природата како модел. Таа нуди алатки за обликување на потполно одржливи живеалишта кои произведуваат сопствена храна и енергија, па се до економски алтернативи и нови социјални структури. Пермакултурниот дизајн ги зема во обзир локалната култура, клима, начин на живот, и преку набљудување на специфичноста на теренот, флората и фауната, водата и климатските услови, создава уникатен дизајн кој е прилагоден за корисниците. Пермакултурниот дизајн се изработува врз темелот на начелата – грижа за луѓето, грижа за Земјата и праведна распределба на ресурсите. Со посетување на овој воведен курс, се надеваме дека би научиле нешто повеќе за тоа како би можеле да ги примените овие начела и принципи во сопствениот живот и опкружување. СОДРЖИНА НА КУРСОТ: - што е пермакултура - зошто пермакултура - пермакултурни принципи - три главни фактори: сонце, вода и ветер - функционален дизајн на вашето живеалиште - фактори на просторот - елементи на дизајнот - 7 слоеви на садење - креативни решенија за урбано градинарство - Дизајнирање на природата - водни структури - различни облици на градини - компостирање - малчирање - Изработка на пермакултурен дизајн Ако сте заинтересирани за учество, маркирајте си го викендот 19 и 20 октомври 2013г, од 9.30 до 16.30 часот и пријавете се на http://goo.gl/F2YAa. Сите дополнителни детали ќе им бидат испратени по мејл на пријавените. НАПОМЕНА: Фејсбук присуство не се смета за пријавување. Ве молиме одвојте две-три минутки за пополнување на пријавата на http://goo.gl/F2YAa. Благодариме! Локацијата и цената ќе бидат дополнително објавени (теоретскиот дел ќе биде во затворен простор). За прашања и информации пишете ни на platforma.kalen@gmail.com. Ве очекуваме! :-)
0 Comments
Leave a Reply. |
КаленКален - Платформа за личен развој и одржливи начини на живот Архива
June 2016
Категории |